Фронтменот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, со емотивна објава се прости од Драган Б. Костиќ, легендарниот македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонското радио кој почина утрово. - Патувај во бескрајниот мир и спокој друже Драган...Пред неполна недела кроевме планови како треба да изгледа серијата за Меморија, се договаравме како треба да изгледа пресот во МКЦ ...

На 20 декември, по кусо боледување, на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, истакнат македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонско радио. Веста за неговата смрт предизвика бран емоции, спомени и искрени проштални пораки од бројни музичари, колеги и слушатели кои растеле со неговите емисии. Драган Б. Костиќ беше човекот што зад микрофонот не само што пушташе музика, туку ...