Одбојкарите на Штип УГД поведуваат со 1-0 во полуфиналната серија откако со 3-1 во сетови го добија Работнички на патот кон двојната круна. Скопскиот тим го доби првиот сет со 22:25, но потоа тимот на Кристиан Ристески се разигра и го декласираше Работнички со тотална доминација во секој сегмент од играта. Вториот сет Штип УГД го доби со 25:10 за 1-1 во сетови, а таквата игра се повтори и во третиот се за 25:14 и 25:12 во четвртиот сет за ...

Одбојкарите на Штип УГД направија хет-трик со освојување на Куп титулата по третпат во низа, а сега штипјани одат по нова клупска историја да се освои шампионската титула и тимот да ги обедини двете титули. Мечот со Борец во Купот беше неизвесен и тежок, но на крај четата на Кристиан Ристески го подигна Куп пехарот по третпат во низа. „Одбојкарскиот клуб Штип УГД испиша нова историја во спортот во нашиот град, прва екипа во колективен спорт ...