„Пласманот на Мундијалот е навистина фасцинантен успех за репрезентацијата на Босна и Херцеговина и може единствено да се спореди со историското патување на Светското првенство во Бразил во 2014 година“, вели пензионираниот спортски новинар Салих Хаџиалиќ за Радио БиХ. Тој своевремено известувал дури од четири светски првенства. За ДВ оценува дека патот до овој резултат бил трнлив, особено по тешките порази во подготвителните натпревари ...
Претседателот на СНСД, Милорад Додик, изјави дека Босна и Херцеговина (БиХ) е пропадната земја во која Србите не сакаат да живеат, но, според него, сакаат да ја развиваат Република Српска и да ја водат на свој начин. „Америка не треба да троши ресурси за амбасадата на САД во Сараево, бидејќи Босна и Херцеговина е пропадната земја“, рече Додик во подкастот на американската новинарка Лара Логан. Додик изјави дека српскиот народ во Босна и ...

