Без официјална потврда, албанските медиуми информираат дека поранешниот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски потпишал договор со тетовска Шкендија и е новиот тренер на клубот. Милевски според пишувањата, најавил дека ќе донесе репрезентативец во редовите на Шкендија, додека во меѓувреме наводно се преговара со Аријан Адеми за да биде дел од тимот. Засега и клубот и Милевски не се огласија за потврда. ...
Поранешниот македонски селектор Благоја Милевски е кандидат за нов селектор на репрезентацијата на Албанија, пренесуваат дел од албанските медиуми. Милевски е пред нов исклучително сериозен предизвик – преземање на албанската селекција која бележи одлични резултати изминативе години на меѓународната сцена како учесник на претходното европско првенство и во баражот за СП 2026, но во моментов е во сериозна резултатска криза поради која од ...

