Најмалку две лица загинаа во нови руски напади во Украина, додека деветмина сè уште се водат како исчезнати еден ден по двојниот напад на трговски центар во кој животот го загубија 16 луѓе. Локалните власти соопштија дека едно лице загинало во пожар во магацин во Киев по тревога за напад со балистичка ракета, додека друго лице било убиено при напад со дрон во Запорожје во раните утрински часови во саботата. Руското министерство за одбрана ...
Францускиот претседател Емануел Макрон најави засилување на француската воена поддршка за Украина по смртоносниот руски напад врз трговски центар во Криви Рог, во кој загинаа 16 лица, а 130 беа повредени. Макрон соопшти дека разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го информирал дека Франција ќе ја зголеми поддршката, вклучително и преку испорака на ракети пресретнувачи и продолжување на соработката со Киев. ...

