Уставниот суд денеска, поведе постапка за оценување на уставноста на член од Законот за заштита на децата со кој се ограничува еднократната парична помош за новороденчињата на оние кои се родени во Македонија. Подносител на иницијативата е македонски државјанин кој живее во Србија. За Судот во оваа фаза од постапката клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот. Имено, дете чии родители се државјани на Република Северна ...
Уставниот суд денес, 6 мај, поведе постапка за да провери дали децата родени во странство, чии родители се македонски државјани, се нееднакво третирани со законската одредба што еднократната парична помош за новороденче ја условува со раѓање на територијата на Република Северна Македонија. Предмет на уставно-судска проверка е член 37 став 1 од Законот за заштита на децата, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“. ...

