Маја Шупут ја изненади јавноста кога потврди дека повеќе не е во врска со Шиме Елез, а сега за првпат се огласи и поранешниот „Господин Совршен“. Во изјава за хрватските медиуми, Елез кратко порача дека не сака дополнително да зборува за разделбата. „Маја и јас никогаш не ги споделувавме приватните моменти со јавноста. Раскинувањето е наша приватна работа и така ќе остане, па не планирам дополнително да коментирам на таа тема“, изјавил тој. ...

Хрватската пејачка Маја Шупут деновиве престојувала на Пељешац, каде што пристигнала поради настап, а слободното време го искористила за да се опушти во еден од полуксузните хотели во Оребиќ. Таа објавила серија фотографии и видеа на Инстаграм и покажала како ужива во базенот, морето и во друштвото на синот Блум. „Само 48 часа во прекрасниот Оребиќ… Ви благодарам за секоја секунда хедонистички пристап и гостопримство“, напишала пејачката со ...