Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни. На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни ...