На денешен ден во 1997 година, филмот „Titanic“ официјално беше прикажан во кината и започна едно од најимпресивните поглавја во историјата на светската кинематографија. Романтичната епска драма на режисерот Џејмс Камерон не само што го освои срцето на публиката, туку и постави нови стандарди за филмската индустрија. „Titanic“ е американски игран филм, инспириран од вистинската трагедија на потонувањето на бродот RMS Titanic во 1912 година. ...
На 20 декември 1998 година во Франција е роден Килијан Мбапе Лотен, еден од најталентираните и најуспешни фудбалери на денешницата. Мбапе е познат по својата неверојатна брзина и техника Денес игра како напаѓач за Реал Мадрид и француската репрезентација, каде што е клучен играч. Килијан потекнува од спортско семејство. Неговиот татко Вилфред е од Камерун и е истовремено негов агент и тренер, додека неговата мајка Фајза, која потекнува од ...
На денешен ден, 22 декември 2014 година, почина Џон Роберт „Џо“ Кокер, еден од најпрепознатливите британски блуз и рок пејачи на сите времиња. Роден на 20 мај 1944 година во Шефилд, Јоркшир, Кокер почина на 70-годишна возраст во својот дом во Крофорд, Колорадо, по долго боледување од рак на белите дробови. Џо Кокер уште за време на својот живот беше препознаен како исклучителен вокален интерпретатор, а во 2011 година беше одликуван со орден ...

