На денешниот Меѓународен ден на планините, ви ја донесуваме приказната за Хај Скардус – една од највредните планински транснационални туристички понуди на регионот, која оваа година бележи исклучителен раст и интерес. Разговарараме со двајца од четворицата креатори на патеката се од земјава – Константин Циривири, претседател на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина и Јован Божиноски, претседател на Планинарскиот клуб ...
Распространета на 370 километри, преку пет планини и низ шест заштитени подрачја во Македонија, Косово и во Албанија, патеката Хај Скардус е еден од најатрактивните туристички белези на земјава и на регионот, кој од година на година привлекува сè повеќе туристи. Оние што ја доживеале ја опишуваат како уникатна „изложба“ на прекрасни пејзажи, богато природно и културно наследство и неодолива маршрута на вкусна храна што може да прерасне во ...

