Коалицијата Вреди, која е дел од Владата, од денеска ќе биде една партија. Тоа ќе се случи на Конгрес, на кој се очекуваат околу 850 делегати, а ќе се одржи во македонската Филхармонија во Скопје. Според најавите партијата ќе биде од десниот центар. Копретседатели на новата партија ќе бидат Изет Меџити, лидерот на Демократско движење и Биљал Касами, лидерот на Беса. Функцијата генерален секретар пак ќе врши лидерот на Алтернатива, Беким Сали. ...
Владејачката коалиција Вреди од вчера и официјална е една партија. Четирите партии Беса, Алтернатива, Демократско движење, крило на Алијансата за Албанците и подржувачите на партијата на косовскиот премиер, Албин Кури, Самопределување во Македонија, се обеднија на основачкиот Конгрес, кој се одржа во македонската Филхармонија во Скопје. На Конгресот учествуваа околу 850 делегати, а меѓу гостите беше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ...

