По повод Денот на руската дипломатија, Амбасадата на Русија денеска организираше свечена церемонија на која се положија венци на споменикот „Рускиот крст“, подигнат на местото на трагичната смрт на рускиот императорски конзул Александар Ростковски во 1903 година, како и на гробовите на руски сонародници, меѓу кои и првиот драгоман на Рускиот конзулат во Битола, Антон Лапе. Свештеници на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ...
Амбасадата на Руската Федерација во Македонија денеска во Битола традиционално го одбележа Денот на руската дипломатија. Со положување свежо цвеќе пред споменикот Руски крст, во Битола почит изразија привремениот вршител на должност амбасадор на Руската федерација во Македонија, Владимир Дјаков, претставници од дипломатско-конзуларните претставништва, пратеници, претставници од локалната самоуправа и од општествено-културниот живот на Битола. ...

