Да не се разбереме погрешно поради насловот на овој текст: не значи дека како македонско физичко или правно лице нема да може да купите акции откако „Спејс екс“ (SpaceX), компанијата на Илон Маск за ракети, сателити и вештачка интелигенција, ќе почне да котира на берза. Секако дека како било кој инвеститор слободно ќе може да си купите акции откако ќе се случи најголемата јавна иницијална понуда во историјата или ИПО (од Initial Public ...

„Спејс екс“ (SpaceX) се подготвува да ги однесе потенцијалните инвеститори во својата иницијална понуда на акции (ИПО) на турнеја низ водечките локации на компанијата во Америка, велат луѓе запознаени со плановите. Да потсетиме, компанијата за ракети, сателити и вештачка интелигенција на милијардерот Илон Маск се стреми кон најголемото деби на берза во историјата. „Спејс екс“ сака да ги претстави објектите во Калифорнија и Тексас во текот ...

Тимот на Илон Маск започнал контакти со големи глобални добавувачи на опрема за производство на полупроводници, меѓу кои АМ (Applied Materials), ТЕ (Tokyo Electron) и ЛР (Lam Research), во рамки на планот за изградба на нова фабрика за чипови под името „Терафаб“ (Terafab). Според извори запознаени со разговорите, претставниците на заедничкиот проект меѓу „Тесла“ (Tesla) и „Спејс екс“ (SpaceX) побарале понуди за цени и рокови за испорака на ...