Во Казнено-поправната установа (КПУ) Затвор Струмица беа издадени првите свидетелства на осуденици кои како вонредни ученици успешно завршија дел од учебните години од средното стручно образование. Станува збор за проект на Управата за извршување санкции и Министерството за образование, како дел од процесот за посупешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица. Меѓу првите осуденици кои добија свидетелство за завршена учебна година ...
35-годишник од радовишко кој е на издржување казна затвор од 15 месеци во Струмица го прими свидетелството за завршена прва година средно стручно образование. Тој во затворот во Струмица учеше и полагаше како вонреден ученик. Сака да биде автомеханичар. Целиот процес се реализираше под менторство на професори од ДСУ „Никола Карев“ кој е и регионален центар за средно стручно образование. Освен во Струмица работат и со осудени лица и во ...

