Светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови Како христијанка во времето на царот Антонин беше осудена на смрт заедно со нејзините седум синови. Му се молеше на Бога само да не ја погубат пред нејзините синови, за да може да ги храбри во маките и страдањата за да не се одречат од Христа. Бог така и устрои. Оваа ненадмината мајка со радост ги испраќаше синовите еден по друг додека сите не ги виде погубени. Тогаш и таа, благодарејќи Му ...
Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут); но се случи бура го потопи коработ. По Божја Промисла Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека потонал. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни ...
Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ...

