По долго боледување почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Таа зад себе остава богата и значајна кариера, која траеше повеќе од три децении. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонска радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на Нова Македонија, ...

