Секоја прошетка на Костас Кономи по овој тесен појас од албанското крајбрежје, прошаран со заливи, беше патување во минатото. Тој и неговиот татко таму саделе пченица, пченка и зеленчук. Се сеќава на другите селани од соседниот Звернец кои некогаш одржувале фарми и пасишта во областа, се вели во репортажата на Катимерини за реакциите на грчката заедница во јужна Албанија за планот на зетот на Трамп за изградба на луксузно одморалиште. „Секое ...
Илјадници луѓе излегоа на улиците во Тирана против проектот, за кој се очекува да чини околу четири милијарди американски долари. Одморалиштето е планирано да се протега на неколку хектари од заштитениот крајбрежен пејзаж Вјоса-Нарта во Звернец и на ненаселениот јадрански остров Сазан. Проектот доби поддршка од албанската влада и покрај тоа што еколошките невладини организации изразија загриженост дека изградбата може да го загрози ...
Фламингото стана неочекувана маскота на засилените протести во Албанија против предложеното луксузно одморалиште, што треба да го гради фирмата на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кое би навлегло и во подрачје за размножување на овие птици. На главниот булевар во Тирана, илјадници луѓе оваа недела протестираа, носејќи албански знамиња, транспаренти и големи картонски исечоци во форма на фламинго. „Каде ќе живеат сега?“, „Албанија не е на ...

