Во 00:24 часот по македонско време, првпат после 53 години, НАСА ќе лансира мисија со екипаж кон Месечината. Ракетата SLS со капсулата Орион и четворица астронаути ќе полета од вселенскиот центар „Кенеди“, на Флорида. Мисијата трае десет дена и не предвидува слетување. На леталото се НАСА астронаутите Рид Вајзман како командант, Виктор Гловер како пилот, Кристина Кох како специјалист за мисија, и Канаѓанецот Џереми Хансен, исто така ...
По повеќе од половина век, НАСА е пред момент што треба да означи враќање на човекот кон Месечината, но овојпат не како носталгично повторување на ерата на „Аполо“, туку како проба за нова лунарна фаза. Мисијата „Артемида 2“ е планирана да полета вечерва од Флорида, со почеток на лансирниот прозорец во 18:24 часот по источноамериканско време, односно во 00:24 часот по полноќ на 2 април по македонско време. Тоа ќе биде прва мисија со човечки ...
Имињата на двете најголеми американски лунарни програми не се избрани случајно. „Аполо“ е името на старото НАСА-поглавје од 1960-тите и 1970-тите, програмата што ја однесе првата човечка екипа на Месечината. Името доаѓа од грчката митологија: Аполо е божество поврзано со светлина, а НАСА уште рано го врзувала симболично со знаење, истражување и американското технолошко водство во вселената. „Артемида“ (Артемис на англиски), пак, е намерно ...
Мисијата Artemis II успешно го изведе клучниот моторен потисок што ќе го насочи вселенското летало Orion кон далечната страна на Месечината. Овој важен чекор означува нова фаза во патувањето, при што леталото ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата лунарна траекторија. Астронаутите на мисијата споделија импресии од вселената, опишувајќи го погледот кон Земјата како „спектакуларен“. Командантот Рид Вајсман истакна дека планетата ...

