Иран повторно на нозе. Стотици студенти излегоа на улиците во Техеран и Машхад , организирајќи ги првите големи антивладини протести откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите. Студентите им оддадоа почит на убиените од безбедносните сили за време на антивиладините протести во јануари. Дел од демонстрантите скандираа смрт на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иранската организација за човекови права Храна со ...
21 годишниот Остин Такер Мартин од Северна Карлина беше застрелан од припадниците на тајната служба откако влегол со оружје во комплексот мар-а-лаго на флорида, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат.. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, најави дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската Унија (ЕУ) да го усвои 20-тиот пакет санкции против ...
На четиригодишнината од војната, европските лидери ќе ја посетат Украина за да ја изразат својата солидарност со земјата, откако пред четири години, Русија ја нападна Украина започнувајќи ја најголемата војна на европско тло од 1945 година. Руските сили влегоа во Украина од повеќе правци, од територијата на Русија, Белорусија и окупираниот Крим, брзо напредувајќи кон главниот град Киев и други поголеми градови. Жителите на Киев застанаа мирно ...
Генералното собрание на Обединети нации усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена е со 107 гласови „за“ меѓу кои и Македонија, 12 „против“, меѓу кои и Русија, и 51 „воздржани“ меѓу кои и САД. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс се заблагодари до 107-те земји кои застанаа покрај Украина во одбрана ...

