Петре и новата девојка (виц) Петре конечно си фати девојка по мерак. Убава, паметна, културна, насмеана… Нема драми, нема љубоморни сцени, нема непотребни расправии. Седат на кафе, а таа упорно гледа нешто на телефонот. Одеднаш, како да открила државна тајна, го погледнува право во очи и извикува: – Петре, која е оваа кучка до тебе на сликава на Инстаграм? Петре: Тоа е сестра ми… – Ах, колку е слатка… Петре и новата девојка (виц) Петре ...
Баба и девојка се возат во ЈСП (виц) Се возат една баба и една девојка во преполн ЈСП автобус. Бабата стои цел пат и на крај веќе не може да издржи, па ѝ вели на девојката: – Госпоѓице, ќе ми го отстапите ли вашето место, многу сум уморна? Девојката одбранбено вели: А што ако сум бремена? Бабата ја погледнува од глава до пети и вели: – Не можете да бидете бремена, крокодилите несат јајца. Баба и девојка се возат во ЈСП (виц) Се возат една ...
Перо и девојката со длабоко деколте (виц) Перо седи на прв состанок со девојка. Таа облекла блуза со длабоко деколте, а Перо никако не може да го тргне погледот. По некое време, девојката забележува и го прашува: – Дали не ми е премногу длабоко деколтето? – Па, мислам дека да! Дури и влакната на градите ти се гледаат! – Ама јас немам влакна на градите! – Е, тогаш дефинитивно ти е многу длабоко. Перо и девојката со длабоко деколте (виц) Перо ...

