Третата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе брои шест региони, односно еден повеќе во однос на претходните сезони, а дополнително фокус ќе биде ставен на младите фудбалери со цел да имаат повеќе минутажа. Шампионите во Трета лига од шесте региони меѓусебно ќе се соочат, а трите победниците од овие бараж натпревари ќе обезбедат учество во Втора лига. „Остануваат третите лиги оваа сезона, само на регионите поради финансиска ...

Од следната натпреварувачка сезона, но и во иднина од Втората македонска фудбалска лига ќе се испаѓа директно, повеќе нема да има баражи за опстанок. Неколку промени во начинот односно системот на натпреварување во Втората лига од следната сезона. Второлигашкото друштво ќе брои 14 екипи и така ќе биде и во следните сезони односно до сезона 2028/2029. Од Втора во Трета лига ќе испаѓаат последните три екипи односно 14-тата, 13-тата и 12-тата ...