Со низа свечености, полагање свежо цвеќе во спомен на загинатите борци и културна програма, Битола денеска одбележува 82 години од ослободување од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна. Под празничен слоган „Сите бои на сеќавањето“, конзулскиот град денеска се потсетува на својата славна историја. Историските архиви со златни букви го бележат 4 ноември 1944 година како денот кога борците на Седмата македонска народноослободителна ...

Битола денеска го слави 4 ноември, денот кога во 1944 година, градот беше ослободен од бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор. Според битолските хроничари, главните борби против фашистичките сили во реонот на Битола ги воделе македонските борци од 49-тата дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чиј состав биле Седмата македонска битолска бригада, Битолско-Преспанскиот партизански одред и Леринско – Костурската македонска ...