Министерот за култура Зоран Љутков најави дека во најкус можен рок институционално ќе го решат проблемот со приватната парцела поради која не може да се постави настрешница над црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12. век во Курбиново, за да продолжи конзервацијата и реставрацијата на архитектурата и ѕидното сликарство однадвор на објектот. Љутков денеска ја посети црквата, откако на 27 март САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека не можат да се постават заштитни ...

По тринаесет години континуирани активности и вложени над 500 илјади евра во реставрацијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, процесот во моментов е запрен поради нерешени имотно-правни прашања. Дел од храмот граничи со приватна парцела, што го оневозможува поставувањето на настрешница, која ќе го заштити надворешниот фрескоживопис. -Корисно е да се постави трајна заштита со настрешница, кои се од привремен карактер. Ќе ја исполнуваат ...