Земјоделците од Струмичко велат дека цената од 25 денари за килограм не ги покрива ниту производствените трошоци и најавуваат блокади доколку нема решение. Бараат државата да се вклучи за утврдување реални производствени цени и поправедна распределба на заработката. Во меѓувреме, ресорното Министерство почна разговори со производителите и со откупувачите за надминување на проблемот Производителите на црвена пиперка од Струмичко се закануваат ...

Од СДСМ велат дека ќе се борат за правата на земјоделците и бараат Владата да донесе системско и одрживо решение, потенцирајќи дека откупната цена на ајварката мора да биде над 50 денари по килограм бидејќи тоа, според опозиционерите, е цената која може да даде сигурност и соодветен егзитенцијален приход за земјоделците Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост, туку бараат достоинствени откупни цени и ...

Револтот поради ниската откупна цена на црвената пиперка повторно ги извади струмичките земјоделци на улица. Со трактори и со земјоделска механизација, производителите од Струмичко протестираа пред подрачното одделение на Министерството за земјоделство, барајќи повисока цена за ајварката, која во моментов се откупува за само 25 денари за килограм. Земјоделците велат дека со оваа цена производството станува сè понеисплатливо и дека не може да ...