Кошаркарскиот клуб Партизан е заинтересиран за ангажирање на центарот Тони Џекири, кој сака да ја напушти ЦСКА Москва. Според италијанскиот новинар Андреа Калцони, црно-белите се на пазарот барајќи засилувања на центaрската позиција, а ситуацијата околу Џекири е директно поврзана со статусот на Тајрик Џонс. Според истиот извор, Олимпијакос покажал интерес за Џонс, најновите информации велат дека Американецот би можел да тргне и кон Израел и ...

Партизан по долга потрага конечно најде нов центар што ќе биде потпишан во следните 48 часа, Тони Џекири ќе биде новото име во таборот на „црно-белите“ што ќе треба да го замени Тајрик Џонс во редовите на АБА-шампионот. За интересот на Партизан за Џекири се шпекулираше пред десетина дена, но преговорите во изминатиот период добија на интензитет. Центарот утрово доби раскин на договорот со ЦСКА, по што веќе нема никаква пречка за тој да ...