Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која досега набавуваше јаглен за потребите на РЕК „Битола“ од Грција, во следните три години со лигнит ќе се снабдува од Косово. Воедно, кинеска компанија ќе ја гради фотоволтаичната електрана на местото на старите копови во рудниците. ЕСМ ги објави договорите потпишани со косовската државна енергетска корпорација КЕК и со кинеската компанија „Пауерчајна“ (POWERCHINA Jiangxi Electric Power Construction). ...
Добивај вести на Viber АД ЕСМ повторно ја одбра охридската градежна компанија „Топлина“ за ископ на јаглен во рудникот Брод Гнеотино за потребите на РЕК Битола на јавна набавка проценета на 930 милиони денари, односно над 15 милиони евра. Операторот од Подмоље го доби и лани тендерот на ЕСМ за ископ на јаглен за термоцентралата во Новаци од 25 милиони евра како релативно мала компанија која беше „засилена“ со четири покрупни подизведувачи. ...

