Штип е синоним за борењето и мора да биде град во кој ќе се развива борењето, порача првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. Градоначалникот Јорданов истакна дека во наредниот период како локална самоуправа ќе вложуваат во боречката инфраструктура, со цел да се омасови овој спорт кај младите генерации. „Штип е синоним за борење и мора да биде град во кој ќе се развива борењето. Како локална самоуправа ќе вложиме во наредниот период ...
Вечерва се можни прекини на водоснабдувањето во одредени територии од Штип како резултат на работење на SCADA системот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави дека општина Штип започна со имплементација на SCADA системот на водоводната мрежа, инвестиција вредна 36 милиони денари. Како што истакна Јорданов, со воведувањето на системот се очекува намалување на загубите и подобрување на финансиското работење на ЈП „Исар“. „Сакам ...

