Умереното консумирање кафе може да заштити од ментални нарушувања, според најновите истражувања на научниците. Сепак, вишокот може да има спротивен ефект. Шолја утринско кафе може да биде не само поттик на енергија, туку и сојузник на менталното здравје. Најновото истражување објавено во Journal of Affective Disorders сугерира дека луѓето кои пијат две до три шолји кафе дневно се помалку изложени на ризик од развој на ментални нарушувања. ...
Мирисот на кафе наутро за многумина е првата „обврска“ штом ќе ги отворат очите. Според последното истражување на Националната асоцијација за кафе во САД, дури 62 отсто од Американците пијат некој вид кафе секој ден. Нутриционистката Лиза Московиц објаснува дека кафето не е нездраво, но дека постојат повеќе навики за пиење кафе кои воопшто не се добри за човековото здравје и водат кон побрзо стареење. Првата од нив е – кафе наместо појадок. ...

