Најавата дека Регулаторната комисија за енергетика ќе го преиспитува системот на блок-тарифи за струја ја отвора најчувствителната енергетска тема во Македонија: дали електричната енергија треба да се третира како обична пазарна стока со една цена, или како основна животна потреба чија цена мора да има социјална логика. Формално, конечна одлука за укинување на блоковите сè уште нема, но самиот правец на дебатата веќе покажува кој најмногу ...
Најавите за можно преиспитување на евтината тарифа и блок-тарифите за струја отворија силна дебата во јавноста, особено меѓу граѓаните кои токму преку овие механизми успеваат да ги намалат месечните трошоци за електрична енергија. Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов смета дека сегашниот модел треба да се анализира, бидејќи, како што вели, „не може да постојат пет цени за ист производ“. Според најавите, РКЕ ќе ...

