Речиси сите учесници и сторители на атентатот врз генерал-полковникот на руската армија Владимир Алексеев се идентификувани, изјави Александар Бортников од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). „Многу е направено во последно време. Практично ги идентификувавме сите учесници и сторители на ова злосторство. Знаете дека некои од вклучените лица се приведени. Една жена успеа да избега и да се скрие во Украина“, изјави Бортников за руските ...
Во обидот за атентат врз генерал-полковник Владимир Алексеев постои британска трага, изјави директорот на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников. Според него, украинските тајни служби, кои имаат поддршка од „трети земји“, стојат зад нападот, а тој директно го впери прстот во Велика Британија. Обидот за атентат се случи на 6 февруари во Москва, а генералот Алексеев преживеа, пишува руската државна новинска агенција ...

