Охриѓани синоќа на градскиот плоштад им приредија величествен пречек на играчите и стручниот штаб на ГРК и заедно го прославија освојувањето на шампионската титула во ЕХФ Европскиот куп. Во нивна чест “Рибари” приредија пиротехничко шоу, додека од илјадниците грла ечеше легендарната “Лихнида кајче веслаше”. Пред присутните се обратија играчите Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, тренерот Борис Ројевиќ и ...

Охрид ја прослави европската шампионска титула на градскиот плоштад. Градот го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. Во весела и празнична атмосфера голем број граѓани им оддадоа признание на шампионите. Ракометарите со пехарот во раце најавија дека не застануваат тука и дека за овој успех заслуга имаат сите навивачи и подржувачи на ракометот. Градоначалникот Кирил Пецаков истакна ...