Во Прилеп денеска се одржа хуманитарната трка насловена „Трка со срце“ кој се трчаше низ прилепските улици. Учесниците трчаа на две патеки, едната долга 5,а другата 10 км. Организатор е Ротаракт Клуб од овој град. Трката се организира за прв пат, а целта е да се упати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Сите собрани средства ...

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски истакна дека спортот може да биде силен двигател на хуманост и заедништво, по одржувањето на хуманитарната трка „Трка со срце“ во Прилеп. На настанот, кој се одржа вчера на улиците во Прилеп, учествуваа голем број граѓани, рекреативци и љубители на спортот, со цел да се поддржи хуманитарна иницијатива и да се испрати порака за инклузивност и солидарност. Проданоски посочи дека му ...