Полицијата со детали за сообраќајната несреќа во Бутел во која беше прегазен малолетник. Инцидентот се случил завчера попладне. - На 02.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Бутелска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(31) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум ...

Сообраќајна несреќа на улицата „Бутелска“ во Скопје ги изнесе жителите на Бутел, Расадник и Радишани на протест, откако товарно возило удрило во 17-годишен пешак. Според информациите што ги пренесе МВР, несреќата била пријавена на 2 јуни во 15:30 часот во СВР Скопје. Во полициската информација се наведува дека товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишен скопјанец, удрило во малолетник од Скопје. ...