Во три работилници во Струмица, карневалското здружение „Струма“ ја работи годинашнава маска за Струмичкиот карневал. Во едната се прават последните детали односно финеси, во друга пак се шијат маските од глава до петици , додека во третата мажите го работат возилото за да ја илустрира пораката што сакат да ја испратат. Маската е насловена „Аманет“ во чест на починатиот член Бранко Достинов еден од основачите на групата „Струма“. Тој ...

Со симболичното предавање на клучот на градот во рацете на карневалскиот одбор, вечерва и официјално започнуваат осумдневните карневалски свечености во Струмица. Градот веќе живее во духот на традицијата и маските, а додека се одбројуваат часовите до почетокот на главната карневалска вечер, струмичките карневалџии деноноќно работат на комплетирање на новите маски. Во карневалските работилници буквално врие од луѓе кои рачно ги изработуваат и ...