Банкарскиот сектор и во третиот квартал од годинава продолжил да работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и унапреден квалитет на кредитното портфолио, оценува Советот на Народната банка во најновиот извештај. Според податоците, стапката на адекватност на капиталот останува стабилна и изнесува 19,5 проценти, додека ликвидносната позиција дополнително е зајакната и покрива значителен дел од краткорочните обврски ...
На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува 19,5%, а ликвидносната позиција зајакна со ...

