Народната банка подготвува посебно решение за исплата на пензиите на околу 3.500 пензионери коишто примаат пензија преку АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички. Се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари преку шалтер, со цел да им се олесни пристапот до нивните средства. Истовремено, се бараат решенија и за компаниите коишто имаат средства во Банката, а треба да ги исплатат платите и да ги подмират обврските ...
Падот на Aлта банка во Србија предизвика паника во Македонија. Иако надлежните уверуваат дека се работи за друг правен субјект со добра кредитна способност и капитал, граѓаните побрзаа да ги повлечат своите пари . Најголем проблем имаат пензионерите. Не само што неможат да ја подигнат целата пензија туку не можат ниту со пензиите да се префрлат во друга банка. Вознемиреноста на граѓаните од затворањето на Алта Банка во Србија продолжува и ...
Исплатата на пензиите и социјалната помош останува приоритет во активностите на Народната банка, а пензионерите кои примаат средства преку Алта банка немаат причина за загриженост. Ова беше порачано на денешната средба меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова. На ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Денеска гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...

