Златото ја разбуди земјата што долго време изгледаше како да тоне во сопствената економска безизлезност. Денес, северно од Хараре, во долината на Мазове, пејзажот не личи на природа туку на рана: ридовите се разјадени, земјата превртена, а реката, некогаш животна артерија, претворена во матна, плитка сенка на самата себе. Машини гребат по почвата без пауза, а водата се пренасочува како да е бесконечен ресурс. Сè е подредено на една цел: ...
Но ова не е само локална приказна за рудници. Ова е приказна за држава што парадоксално закрепнува економски додека политички стагнира или дури се враќа наназад. Во последните неколку години, Зимбабве доживува нешто што ретко кој го предвидуваше: раст. Високите цени на златото и другите суровини влеаја свеж капитал во економијата. Инфлацијата, која некогаш беше симбол на економски колапс, е сведена на најниско ниво во децении. Девизните ...

