Слаба наплата на буџетските приходи, објави министерството за финансии. Од планираните 5,9 милијарди евра, собрани се 5,4 милијарди или 470 милиони евра помалку од парите кои очекувала да го наплати државата лани. Најголемо потфрлање има кај неданочните приходи. Министерката Кочоска вели дека речиси сите државни институции, кои имаат свои сметки, потфрлиле.Трошеле, а не ги собирале парите. -Тоа значи дека самите газди не си ги собраа ...

Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е ...

Минатата година буџетските приходи се за 470 милиони евра помалку од предвидените. Државата планирала 5,9 милијарди евра, а собрала 5,4 милијарди евра. Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, потфрлање има кај неданочните приходи. Според неа државни институции трошеле, ама не собирале пари. Помалку наплата има и кај придонесите за пензиско осигурување, приходите од игри на среќа, како и од акцизите. Минатата година ...

Помалку приходи, намалени и расходи . И со ребалансираниот Буџет за 2025-та – владините планови за полнење и празнење на буџетската каса не се остварија. На крајот на годината приходите изнесувале 5,45 милијарди евра што е за 8% помалку во однос на планот додека буџетските расходи изнесувале 6,13 милијарди евра или со потфрлување од 7% во однос на планираните трошоци. Буџетските приходи се намалени по неколку основи – акциза, придонеси за ...