Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска во 15:43 часот го вознемири населението во пограничниот регион меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на само 14 километри од Билеќа, на плитка длабочина од околу 5 километри. Потресот бил краткотраен, но силен, а се почувствувал и по должината на хрватскиот брег, особено во Дубровник и околните места. ...

Земјотрес е регистриран на територијата на Црна Гора, при што тлото се затресло во повеќе делови од земјата, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Според достапните информации, станува збор за потрес со помал интензитет, кој бил почувствуван во поширокото подрачје, особено во близина на главниот град Подгорица. Епицентарот бил лоциран на околу 20 километри од градот, додека земјотресот се случил на длабочина од приближно 18 километри ...

Синоќа, во 22:26 часот, во југоисточниот дел на Северна Македонија, во близина на Дојранскиот регион, беше регистриран слаб земјотрес кој според првичните информации имал магнитуда од 1,7 степени според Рихтерова скала. Епицентарот на потресот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата. Станува збор за земјотрес со многу слаб интензитет, кој вообичаено не може да предизвика материјална штета, ниту пак сериозно да ...