„Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова, е новата премиера што се одигра во театарот „Војдан Чернодрински“. Драматург е авторката на текстот, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, додека за музиката беа задолжени Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играа Дилип Јездиќ како Саатот, Димитар Ѓорѓиовски (Јован) и Наташа Ачански (Вера) со вокалната придружба на Ана Митоска. Текстот е праизведба ...
Во рамките на програмата „Автор во фокус“, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Факултетот за драмски уметности – Скопје утревечер (среда) во 20 часот на сцената на ФДУ, организираат разговор со Дејан Дуковски, еден од најзначајните современи македонски драмски автори и воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа и светот. Разговорот ќе го води проф. д-р Ана Стојаноска и директорка на МТФ „Војдан ...

