Театар Пи – Центар за изведувачки уметности и едукација ја најавува премиерата на театарската претстава „Толку е тивко“, која ќе се одржи на 27 декември (петок) од 19:00 часот во Центарот за култура „Ѓорче Петров“. „Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед што го отвора светот низ внатрешниот поглед на девојче кое го изгубило видот. Наместо преку визуелни слики, сценскиот простор се гради од звуци, допири, тишини и ...

Кога ќе се гради новата зграда на Драмскиот театар во Скопје, вработените времено ќе се преселат во новиот објект на Турскиот театар, најави министерот за култура Зоран Љутков на средбата со медиумите на 26 декември. Зборувајќи за инвестициите и реконтрукциите на институциите, министерот кажа дека се надева оти до крајот на 2026 ќе биде готова новата зграда на Турскиот театар, која се гради од 2014 година. Ансамблот и вработените на Турски ...