Додека Србија има дизајнери кои редовно се појавуваат на светските модни недели, Хрватска разви стабилна модна индустрија со силно присуство на регионалниот пазар, а дури и помалите балкански земји успеваат да создадат препознатливи брендови со меѓународен потенцијал, Македонија веќе со години се обидува да одговори на едно непријатно прашање или зошто нашата мода не успеа да ја достигне регионалната видливост што некогаш ја ветуваше? ...
Од една страна, јавноста често зборува за „македонска мода“ како за единствен поим, а од друга страна ретко кој навистина се прашува кој ја создава таа мода. Дали стилот што го гледаме на улиците доаѓа од домашните дизајнери и модни куќи, од малите бутици кои увезуваат трендови од Турција, Италија и Кина, или пак од глобалните брендови кои преку социјалните мрежи ја обликуваат естетиката на цела една генерација? Одговорот не е воопшто ...

