Денеска на 93-годишна возраст почина Иван Станоев, долгогодишен спортски новинар, публицист и еден од најзначајните хроничари на спортската историја на градот и регионот. Со неговата смрт, Струмица загуби човек кој цели децении посветено ја бележеше, анализираше и документираше спортската стварност, оставајќи зад себе богато новинарско и книжевно наследство. Иван Станоев е роден во 1932 година, а најголемиот дел од својот живот и ...

Пери Арканџело Бамонте, долгогодишен гитарист и клавијатурист на култниот готик-рок бенд The Cure, почина на 65-годишна возраст, соопшти бендот на својот официјален веб-сајт. „Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот голем пријател и бенд-колега Пери Бамонте, кој почина по кратка болест, дома, за време на божиќните празници“, стои во соопштението на групата. Во објавата, членовите на бендот го опишуваат Бамонте како „тивок, интензивен, ...

Почина проф. д-р Кирил Темков, универзитетски професор во пензија и еден од најзначајните македонски филозофи и етичари. Целата своја академска кариера ја посвети на Философски факултет при УКИМ во Скопје. Роден е во Кавадарци во 1943 година, во занаетчиско семејство. Образованието го стекнува во Белград и Скопје, каде што дипломирал филозофија во 1968 година, а докторирал во 1982 година на Универзитетот во Скопје. Беше ученик и асистент на ...