И покрај ниските температури, новогодишната вечер и во Битола помина во боите на волшебната „Зимска приказна“. Борче Наумовски Министерот и „Нокаут“ им приредија вистински спектакл и незаборавна вечер на Битолчани. Просторот пред сцената кај Офицерскиот беше преполн, а имаше гости и од многу други места од цела Македонија. Фејсбук/ Општина Битола Публиката беше подготвена заедно со добра македонска музика да ја испрати старата и да ја ...
И покрај сибирските –10 степени, Битола покажа дека кога има добра музика и вистинска енергија, студот нема никакви шанси. Новогодишната ноќ во градот под Пелистер помина во знакот на волшебната „Зимска приказна“, претворајќи го просторот пред Офицерскиот дом во голема сцена на радост, игра и заедништво. Околу 8.000 посетители, меѓу кои и гости од речиси сите краишта на Македонија, се собраа да ја испратат старата и да ја дочекаат новата ...

