text size Русија почна да увезува бензин дури од Индија, бидејќи украинските напади врз нејзините рафинерии предизвикуваат сериозен недостиг на домашниот пазар. Ова е првпат Москва да увезува моторно гориво од оваа јужноазиска земја, покажуваат податоците на „Кплер“ (Kpler), а потребата бензинот да помине толку долг пат укажува на тоа колку сериозна станува кризата. Првата пратка била примена на 5 август, а можно е да пристигнат и други, ...

Русија верува дека САД се длабоко вмешани во украинските напади врз руска територија и својата загриженост му ја пренесе на Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој додаде дека американската поддршка вклучува и разузнавачки податоци. „Му поставивме низа прашања на Стејт департментот, вклучувајќи го и прашањето за разузнавачките податоци и фактот дека САД се силно вмешани во подготовката и извршувањето на ...