Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година во 12:20 часот, во СВР Тетово, Н.И. (68) од Тетово пријавил дека поради претходно недоразбирање и судски спор околу земјиште во селото Стримница, Л.Џ. (63) од истото село се однесувал агресивно кон него и упатил закани по животот на неговиот син. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. — реклама — Министерството за внатрешни ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година во 17:40 часот, во СВР Тетово, 31-годишна жена од тетовско, која престојува во Тетово, пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (35) ѝ упатувал закани, по што таа го напуштила домот заедно со трите малолетни деца. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. — реклама — ...