„Зелено светло“ за Украина и Молдавија – Македонија ќе почека: „Западен Балкан не е оттурнат на страна, ЕУ се обидува паралелно да управува со повеќе процеси на проширување“ Украина и Молдавија денес ги почнуваат преговорите: Како ЕУ ќе ја балансира поддршката за источните кандидати со ветувањата дадени на балканските земји, меѓу кои и Македонија? Од нашата мрежа Важна измена на патарините:Каде ќе се плаќа со кеш, каде… 17 минути ...

„Украина и Молдавија ќе треба да поминат низ истиот сложен процес на усогласување со европското законодавство како и земјите од Западен Балкан. Сепак, факт е дека руската агресија врз Украина му даде силна геополитичка димензија на проширувањето и создаде ново чувство на итност во Брисел“, вели политикологот и извршен директор на „Евротинк“, Димитар Николовски за денешното отпочнување на преговорите на двете екс-советски републики со ЕУ. ...