Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува промена на временската состојба започнувајќи од овој викенд. Од сабота, нашата земја ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе претежно облачно време. Според синоптичарите, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд во пониските предели, додека на планините и во некои од повисоките населени места врнежите ќе бидат од снег. Она што е карактеристично за овој бран е тоа ...

Утре времето ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, на моменти засилен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -8 до 1 степен, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени. Во Скопје, исто така ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во одредени делови од котлината. Ветерот ќе биде умерен од јужен правец, а ...

Македонија во текот на наредниот период ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе променливо време, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Според метеоролозите, се очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, но и пораст на дневните температури. Поинтензивни врнежи се најавуваат за неколку дена, додека јужниот ветер ќе продолжи да дува со засилен интензитет. „Според прогнозата на УХМР, пообилни ...