Граѓаните ги прават последните подготовки пред Велигден. Маркетите и пазарите се полни. Најголема гужва има кај јајцата – табла деновиве се продава за околу 300 денари. Според Евростат, Македонија е на второ место по поскапување на јајцата во Европа лани. Годишниот раст, според нивните пресметки бил над 26%. Пред нас е само Шпанија со нешто над 31% зголемување. Но, и покрај ова, како што објави Еуроњуз, земјава ги има едни од најниските цени. ...
Јајца направени од чоколадо беа изложени на 4-тото издание на „Bel’Oeuf“ изложбата пред Велигден. Познатите мајстори на чоколадните изработки се посветија на изработка на Велигденски јајца и ги избришаа разликите меѓу уметноста и слаткарството. Ракетата на слаткарот Мартин Кертјенс беше направена од 13 кг чоколада за 60 часа. -Како што гледате има многу ситни парчиња кои се наредени.Работата е да ги залепиш успешно. И целото да се обои убаво. ...

