Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и град денеска го зафати селото Црник, во Општина Пехчево, предизвикувајќи проблеми кај локалното население. Според информациите од жителите, за краток временски период наврнала голема количина дожд, поради што дел од улиците и дворовите биле поплавени. Граѓаните велат дека водата навлегла и во неколку куќи, при што е предизвикана материјална штета. Покрај поројниот дожд, невремето било ...
Нестабилното време денеска веќе се чувствува во одредени региони од државата, при што во околината на Кочани се регистрирани интензивни атмосферски процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека, според радарската слика, во Кочанскиот регион има појава на поизразени врнежи и електрична активност, што укажува на локална нестабилност. Во текот на денот времето ќе биде променливо ...
Попладнево силно невреме проследено со интензивен дожд и врнежи од град го зафатија Крушево и околината. Метеорологот Славчо Попоски на социјалните мрежи објави видео од невремето, на кое може да се забележи силниот интензитет на дождот и врнежите од град што за кратко време ја зафатија оваа област. Според информациите, нестабилното време било проследено и со засилен ветер и грмежи. Граѓаните споделуваат фотографии и видеа од погодените ...

